Македонската актерка Владанка Крстевски е член на жирито на Меѓународниот фестивал на музејски театар „Музетеа“ во Белград, Србија.
Пред три години, актерката Вјера Мујовиќ го основаше Меѓународниот фестивал на музејски театар „Музетеа“, со визија преку изведувачките уметности да го оживее културното наследство. Оваа година, фокусот е ставен на улогата на жената во уметноста. Ансамблите што учествуваат доаѓаат од седум земји: Србија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Шпанија, Германија и Северна Македонија. Фестивалот се одржува под покровителство на Меѓународниот театарски институт (ITI) при УНЕСКО, а во соработка со партнерот ART365, формиран е и регионалниот огранок „Музетеа Адриатик“. За студентите е организирана стручна работилница за водење на публиката низ музејскиот театар, под водство на драматургот Нина Мазур.
За наградите за најдобра продукција и најдобра изведба покрај Крстевски ќе одлучуваат: Марија Бергам и д-р Милица Цукиќ.