Осум месеци откако регионот ја оплакуваше смртта на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, неговата најголема љубов и поддршка во животот, неговата сопруга Сејда Бешлиќ почина по тешка борба со болеста.
Сејда почина денес, 1 јуни, околу 15 часот, откако го помина последниот месец во болница.
Со години, Сејда беше најголема поддршка за својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, нејзината здравствена состојба дополнително се влоши, а во последните месеци таа водеше тешка битка во животот.
Последната песна на Бешлиќ, „Сејда“, која легендарниот пејач Халид Бешлиќ ѝ ја посвети на својата сопруга, беше објавена на 11 септември 2025 година а Халид почина на 7 октомври.