Постхумно излезе рок дует на Халид Бешлиќ (Видео)

Амиро Ј., пејач, гитарист, автор и продуцент со седиште во Сараево и Хамбург, го претставува својот нов сингл „Свануо дан“, кој е создаден во соработка со Халид Бешлиќ. Песната е вклучена во неговиот нов албум „Да ми је“.

Амиро ја започна својата музичка кариера како автор, пејач и гитарист на сараевското рок трио „Ира“, а низ годините соработуваше со бројни истакнати имиња на регионалната музичка сцена, вклучувајќи ги Халид Бешлиќ, Младен Војичиќ Тифа, Милиќ Вукашиновиќ и Енес Беговиќ.

Албумот „Да ми је“ носи пресек од долгогодишната авторска и изведувачка работа на Амиро, обединувајќи различни музички влијанија и стилови што го обликувале. Во неговото создавање учествуваа бројни музичари и пријатели, меѓу кои Халид Бешлиќ.

Повеќето од седумте песни на албумот се обликувани во гитарски рок стил, додека синглот „Свануо дан“ се издвојува по својата специфична мешавина од етно елементи и препознатливиот вокал на Халид Бешлиќ.