„Расплеле се косе Босне“ – нова песна на Тифа

Младен Војичиќ – Тифа претставува нов сингл со интригантниот наслов „Расплеле се косе Босне“, издаден под покровителство на издавачката куќа Хит Рекордс.

Наслов кој не открива сè, но ветува многу, со силна емоција и препознатливиот потпис на стилот и интерпретацијата на Тифа, и одличен аранжман кој го носи печатот на врвни автори и искусни музичари.

Сето погоре наведено резултираше со музичко дело за кое веруваме дека ќе остави трага на етерот, а воедно ќе го најде патот до срцата на слушателите.

Со овој сингл, Младен Војичиќ – Тифа ја продолжува својата богата музичка приказна, останувајќи верен на автентичниот израз што публиката го препознава и го сака.

Ова е неговиот втор сингл во поново време, во ноември 2025 година ја издаде песната „Анџео у паклу“.

Песната е достапна само на музичките стриминг платформи.