Младен Војичиќ – Тифа по долго време објави нова песна, насловена како „Anđeo u paklu“. Ова е воедно и почеток на неговата соработка со издавачката куќа „Hit Records“.
„Оваа работа е единственото нешто што знам да го правам и верувам дека забележавте дека сум малку поинаков од другите, и поради мојот животен стил и поради мојата апсолутна посветеност на музиката. За мене, тоа беше вистинско освежување, но и нормален след на настани, запознавањето со Мирослав Рус со кого на почетокот се зближив во сè, вклучително и во многу погледи на светот“, рече тој.
Тифа откри дека текстот на песната „Anđeo u paklu“ веднаш му привлекол внимание бидејќи е реалистичен, едноставен и универзален, и затоа крие убавина во себе.
„Инструменталниот тим што го составивме јас и Рус е достоен за почит – од Влатко Стефановски, кого го почитував уште од дете, преку Федор Боиќ, Дадо Маринковиќ, Ален Светопетриќ, па сè до најмладиот член на тимот, Михаел Блум. Тимот се потруди, преку ретко видена спонтаност, и им се заблагодарувам од дното на срцето!“, рече тој.
Авторот на песната, Мирослав Рус, изјави дека е исклучително среќен што сè во врска со песната се споило до степен до кој Тифа ја пее, Влатко Стефановски свири гитара, Федор Боиќ свири клавијатури, Ален Светопетриќ бас, Дадо Маринковиќ тапани, и дека во соработка со продуцентот Михаел Блум, тој ја „згазил“ оваа драга песна до максимум.
„Да се има таков тим со кој може да се биде горд е многу тешка работа за секој автор од едноставна причина што е потребно песната да се доведе до нивото на нивната изведба, во што се надевам дека успеав. Самото снимање се одвиваше во пријателска атмосфера, прошарано со шегите на Тифа и завршувајќи со виртуозноста на Влатко. Ова е само првата песна од серијата, со оглед на тоа што се разигравме и стигнавме до седмата песна, но решивме да одиме чекор по чекор, т.е. сингл по сингл“, рече тој.