Српската поп пејачка Александра Радовиќ најави уште три солистички концерти во Македонија. Имено таа на 30 јули ќе настапува во Охрид. А во декември повторно се враќа во земјава со два концерти. И тоа во Битола на 12 декември и втор концерт во Скопје за годинава, на 13 декември.
Таа на 27 февруари веќе одржа еден концерт во Скопје и тоа во Македонската филхармонија, а поради распродавањето уште тогаш беше најавен уште еден за зимава. Радовиќ исто настапи и на овогодинешната Златна бубамара на популарноста каде доби награда за најдобра поп пејачка во регионот.
Последниот концерт во Битола го одржа во 2024 година, кога даде и ексклузивно интервју за нашиот портал.