Silente со прв концерт во Македонија

Синоќа во Младински културен центар – МКЦ се одржа првиот концерт во Македонија на хрватскиот поп-рок бенд Silente. Македонската публика по повеќе од деценија за прв пат имаше можност во живо да ги чуе песните на овој популарен хрватски бенд.

„Жал ми е што не правиме концерт во некоја поголема сала. Но ќе дојдеме повторно и нема да чекаме 12 години“ – рече фронтменот Тибор.

Бендот приреди енергичен настап и изведе дел од своите најпознати песни, започнувајќи со „Voli me dok đavo spava“ а завршувајќи со виралната „Terca na tišinu“. Измеѓу се редеа бројни нумери од сите нивни албуми како: „Ništa drugo“, „Molim te, zapiši“, „Neobranjivo“, „Dragi Vjerujem U Sve“, „Rekla si“ и десетина други. А атмосферата во МКЦ беше исполнета со силна емоција и интеракција меѓу Silente и публиката, што дополнително го направи концертот посебен за македонските фанови.

@kultura24.mk

Силенте за прв пат во Македонија✨ #silente #tercanatisinu #fyp #viral #macedonia

♬ original sound – Kultura24.mk

Настапот во Скопје дојде веднаш по нивниот голем концерт во Белград.

Првиот концерт на Silente во Македонија беше дочекан со силни аплаузи и позитивни реакции од публиката, која го испрати бендот со долготрајни овации. Со ваквиот прием, скопската публика покажа дека интересот за Silente е силен, а овој прв настап ќе остане запаметен како вечер исполнета со добра музика и одлична атмосфера.

А пред концертот во МКЦ, со браќата Тибор и Санин Карамехмедовиќ разговаравме за инспирацијата и за нивниот музички пат.