По повод нивниот прв концерт во Македонија, македонската публика добива ексклузивна можност поблиску да ги запознае членовите на Silente. Хрватскиот бенд чија музика последниве години ја освојува публика низ регионот а нивната песна „Терца на тишину“ по 13 години повторно е вирална. За инспирацијата и за нивниот музички пат разговаравме со браќата Тибор и Санин Карамехмедовиќ.
Култура24: За прв пат настапувате во Македонија. Зошто толку се чекаше на првиот концерт овде?
Не знаеме ни сами. Предолго се чекаше, но подобро сега отколку никогаш.Се обидувавме постојано но никако не се поклопуваше логистички. Сега се отвори прилика, па добивме покана само што објавивме за концертот во Белград. Па беше лесно да направивме круг и да се вратиме во Дубровник следниот ден.
Култура24: Колку низ годините имавте интеракција со македонските обожаватели?
Од секогаш ни се јавувале обожаватели. Ние постојано ветувавме и велевме работиме на тоа, и навистина работевме. Но ни требаше 12 година работа. Мислам дека македонската публика навистина ги сака песните. Верувам дека сега после овој концерт поканите и приликите ќе бидат се почести.
Култура24: Колку сте запознаени со македонската музичка сцена што вие е омилено?

Ние ја пратиме ситуацијата и знаеме што се случува. Пред „Терца за тишину“ да стане популарна ние одевме по многу гитарски фестивали и ја изведувавме песната пред различни жирија. Една година настапувавме на гитарскиот фестивал во Омиш а таму свиреше македонскиот гитарист Дамјан Пејчиновски, кој ние го обожававме бидејќи во тоа време бевме опседнати со светот на гитарата, а YouTube беше полн со обработки на гитара. Тој држеше мастер клас на кој јас се пријавив како кантавтор на „Терца на тишину“, таму со него свиревме соло и по неколку акорди токму од таа песна а јас подоцна му зедов еден мал акорд кој тој го свиреше на мастер класот.
Култура24: „Терца на тишину“ повторно стана вирална на ТикТок. Како оваа песна по толку години од објавувањето по втор пат се врати на првото место во трендовите?
Тоа е сигурно комбинација од повеќе работи, ТикТок е нешто што не можеме да го контролираме и се случува самото од себе но секако треба да е добра песната. Помогна и тоа што Јаков ја пее песната, но тој пее и многу други песни и не секоја доспева до број 1. Сигурно има нешто во оваа песна и генерацијата која сега ја открива „Терца“. Сигурен сум дека песната ќе има долг живот, а не само овие два.
@kultura24.mk Силенте за прв пат во Македонија✨ #silente #tercanatisinu #fyp #viral #macedonia
♬ original sound – Kultura24.mk
Култура24: Објавивте книга со Вашите песни која го носи насловот „Терца на тишину“, зошто баш тој наслов и дали ова е носечката песна на оваа поетска збирка?
Песната постои во книгата, но сигурно не е најдобрата песна во неа. Има многу добри песни. За мене е највредна од тие песни, бидејќи на луѓето им значи и повеќе од самиот бенд. Луѓето знаат за песната а не знаат за бендот. Таа песна го означи доаѓањето на „Силенте“ од Дубровник на регионалната сцена. На некој начин сме вечни должници на таа песна, и на некој начин можеби треба секоја своја книга да ја насловам „Терца на тишину“ и пак нема да е доволно за да возвратам на тоа што таа песна ни го донесе. Не се сомневав и пред објавувањето дека насловот треба да биде токму тој.

Култура24: За вашето творештво ќе кажете: „Некои од овие песни се напишани одамна и ги напишал некој што повеќе не го познавам. Некој што личи на мене. Покрај нив, има и нови песни. Тие се напишани неодамна и ги напишал нов лик, но планирам наскоро да се разделам и со него“. Колку вакви ликови и фази поминавте?
Тоа го реков затоа што не можам да ги повторам тие творечки фази. Таа прва фаза со „Терца на тишину“ и албумот „Ловац на чудеса“. Луѓето мислат дека со „Терца“ ни е постигнавме успех преку ноќ. Но се работи на години пред таа ноќ да се случи. „Терца“ е од 2013 година а овој албум настана помеѓу 2006 и 2013 година. И тој дел е специфичен и со специфични мотиви, наслови кои не можам да ги повторам. И сфатив дека не сум повеќе тој човек кој ги напишал и не можам да ги повторам. Потоа имав некоја втора фаза со вториот и третиот албум и престанав да сум и тој лик. Јас се обидувам да ги напуштам тие позиции бидејќи не треба да се повторуваме. Сакам нова инспирација и не сакам да закочам на тие позиции предолго. Сакам да го усовршам тоа едно ниво и потоа преминувам на друго бидејќи на тој начин веќе не можам да напишам ништо подобро. Сигурен сум дека после овие 12 години многу подобро пишувам песни од тогаш. Но секогаш ќе настојувам да се менувам и еволуирам со нови мотиви. Има многу што да се научи а јас сум далеку од најдобриот поет. Најдоброто доаѓа допрва.
Култура24: Двајца браќа во еден бенд. Како функционира приватното наспроти професионалното?
Никому не ги праќам текстовите освен него. Текстовите ги праќам готови и кога сум речиси сигурен во нив. Му ги праќам него бидејќи неговото мислење може да ги донесе во таа завршна фаза. Би ме нервирало да ги пратам на некој друг, па тој да коментира за песните. Кога се мачам да завршам некоја песна, Тибор постојано ми вели: не комплицирај, заврши ја, добра е, не размислувај премногу итн. Неговиот глас е единствениот кој може да поправи некоја песна и друг никој не може. Тоа ми е навика и јас не можам да работам без тоа. Штом е готова секоја песна оди на негова адреса.
Култура24: Важите за бенд кој свири добра музика наспроти актуелните трендови. Што мислите вие за тоа?
И во нашите редови има „шунд“ а и тие имаат многу добри песни. Ние немаме еквивалент на нивниот музички правец, тие се најдобри во тоа што го прават. Ако на децата тоа им се допаѓа нека „рокаат“. Се што му се допаѓа на некој, добро е. Би се занимавал со ова секако, без разлика дали е тренд. А ако луѓето сакаат тренд а не добиваат музика. Сепак не би рекол дека се во криво. Публиката секогаш добива тоа што го сака. Додека сите имаме право на избор да слушаме што сакаме ќе биде добро. Ништо не трае вечно, и доброто и лошoто ќе поминат. Па како јинг и јанг постојано ќе се менуваат.
