Владо Јаневски ќе биде гостин на концертот на Весна Писаровиќ во Филхармонија

Македонската поп ѕвезда Владо Јаневски, коj пред неколку дена одржа свој голем концерт во Скопје, ќе биде специјален гостин на концертот на хрватската пејачка Весна Писаровиќ.

Писаревиќ на 28 март ќе одржи солистички концерт во Скопје. Со својот препознатлив глас, харизма и искрена емоција, Весна ќе ги оживее своите најголеми хитови – „Да знаш“, „Јутро доноси крај“, „Сасвим сигурна“ – како и многу други песни што го обележаа нејзиниот музички пат.

Весна и Владо имаат дуетска песна „Љубав је моја религија“ од пред две децении, и беше дел од албумот на Јаневски, „Повторнос се заљубувам во тебе“ од 2006 година.