Мега популарниот Јаков Јозиновиќ го распродаде целиот капацитет на Античкиот театар во Охрид, три месеци пред концертот закажан за 3 август.
Јозиновиќ, месецов пееше во преполн СЦ „Јане Сандански“ кој исто така беше распродаден пред одржувањето.
„До охридскиот концерт ќе излезе и албумот. А овој месец ќе излезе и песна.“ – изјави Јаков во интервју за Култура24 по скопскиот концерт.
Тој периодов ги распродава сите концерти низ регионот па така деновиве беше закажан и втор концерт во арена „Стожице“ во Љубљана а следуваат уште неколку концерти во Сава центар во Белград. Каде што Јаков веќе го сруши рекордот на Здравко Чолиќ.
Јаков го сруши рекордот на Здравко Чолиќ, само Лепа Брена има повеќе концерти од него
Јаков Јозиновиќ: „Драго ми е што младите ги учам на старите добри песни“