Најпопуларниот балкански изведувач во моментов, Јаков Јозиновиќ, кој периодов успешно ги полни салите низ регионот најави уште еден концерт во Македонија.
Јаков денеска најави низа концерти ова лето а покрај Крагуевац, Примоштен, Копер, Мостар, Будба, Опатија и Бања Лука, тој ќе одржи и концерт во Охрид.
Охридскиот концерт е закажан за 3 август во Античкиот театар во Охрид. Тој следната недела ќе го има својот прв солистички концерт во Македонија, и тоа на 9 април во СЦ „Јане Сандански“.