Од 15 до 25 септември во Драч, Албанија ќе се одржи првото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Dyrrachium“.
За првото издание е избрано е жири составено од личности со искуство во различни области на театарот, кои носат различни перспективи при оценувањето на претставите. Помеѓу петте члена е и продуцентот и актуелен директор на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски.
Освен Кимовски, членови на жирито се: Башким Хоџа – драматург, Ровена Луле – режисер, Аријан Красниќи – драматург и Арбен Дерхеми – актер.
„Нивното присуство на ова издание му дава не само професионалност во процесот на оценување, туку и димензија на дијалог и уметничка размена, што претставува суштина на фестивалот.“ – велат организаторите.
Во програмата се шест претстави од Молдавија, Бугарија, Албанија, Косово и две од Македонија.