Дебитанскиот филм „Пролетно чистење“ на Апчевска поддржан од Еуримаж

Филмскиот проект „Пролетно чистење“ на Марија Апчевска, сценарио Марија Апчевска и Ереник Беќири во продукција на Кино Око, доби поддршка од Eurimagеs најголемиот Европски фонд за копродукции.

Перидов во Скопје се во тек аудиции за главните и споредни улоги во филмот.

Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и е копродукција помеѓу Грција (Foss Productions), Словенија (Arsmedia) и Србија (Servia Film). Претходно филмот беше еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma de INSTITUT FRANÇAIS за препознавање и промовирање на филмаџии и продуценти од целиот свет. Како прв македонски проект одбран во оваа програма. А поддршка доби и на годишното Генерално собрание на 8-ми ноември во Солун, каде SEE Cinema Network одвои финансиски средства за финансирање на проекти во развој во износ од 63.000 евра.