Отворена е аудиција за споредните машки улоги во филмот „Пролетно чистење“ на Марија Апчевска за мажи на возраст над 30 години кои НЕМААТ ПРОФЕСИОНАЛНО АКТЕРСКО искуство.
Аудицијата ќе се одржи во сабота, на 31 мај од 10ч. до 18ч. во просториите на Вардар Филм (ул.8-ми март бр.4, Скопје) а ќе се состои од фотографирање и кратко видео интервју.
Оние заинтересирани кои не можат физички да присуствуваат на аудицијата, може да испратат четири „свежи“ фотографии и кратко видео:
– фотографија од лицето озбилни
– фотографија од лицето со насмевка
– фотографија од лицето во профил
– фотографија од целото тело
-видео претставување од максимум 2 минути со име и презиме, возраст, место на живеење и неколку реченици за себе.
Фотографиите и видеото треба да се на чиста позадина, без филтри од социјалните мрежи, очила, капи.
Кастинг материјалите треба да се испратат на имејл адресата- castingproletnocistenje@gmail.com најдоцна до 31.05.2025