„Животе, не брзај“ – нова песна на Наум Петрески

По неодамнешното музичко издание „А ти, а јас“, македонскиот фолк пејач Наум Петрески ја претставува својата нова песна со наслов „Животе, не брзај“.

Автор на музиката, текстот и аранжманот е Марјан Јанкоски, а песната е реализирана со голем студиски оркестар во целосно акустична изведба.

„Животе, не брзај“ носи силна животна порака, проткаена со емоции, раскошен оркестарски звук и препознатливата интерпретација на Наум Петрески. Во време кога сè околу нас се одвива пребрзо, можеби музиката е таа што може барем за миг да го запре времето.

Со ова второ заедничко музичко издание, Кларион Музичка Продукција продолжува доследно да ја реализира својата мисија – враќање на вистинскиот, органски и автентичен звук во македонската музика. Снимањето, музичката продукција, миксот и мастерингот се реализирани во Кларион Студио во Скопје, под раководство на музичкиот и аудио продуцент Дејан Ангелевски.

Вистински музичари, вистински инструменти, без синтетички симулации и компромиси во уметничкиот и продукцискиот квалитет.

„Животе, не брзај“ е музика создадена без брзање, со љубов и посветеност кон секој тон.