Јужноафриканскиот диџеј и музички продуцент SONA, син на светски познатиот артист Black Coffee, ќе настапи во Скопје на 4 декември 2026 година.
Настанот е дел од клубската програма „Friday Rituals“ и почнува во 21:00 часот, носејќи го препознатливиот спој на традиционални африкански звуци и современи електронски ритми пред скопската публика.
SONA (Есона Мафумуло) има 27 години, а својата професионална кариера како диџеј и продуцент ја започнал околу 2021 година.
Иако потекнува од семејство во кое музиката е секојдневие, SONA ја гради својата кариера преку автентичен авторски потпис и продукција што ги надминува жанровските граници. Пресвртница во неговиот подем претставува соработката со светската ѕвезда Дрејк на песната „Texts Go Green“.
Греми добитникот Black Coffеe и глобален хедлајнер одржа свој голем концерт во Скопје на 19 јуни. Тој важи за е еден од клучните артисти кои стојат зад подемот на afro – house музичката насока.