Како што објави НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино на 3 декември 2026 година (четврток), премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“.
Филмската премиера во Неготино ќе се одржи истовремено со премиерните прикажувања во кината низ Македонија.
Во 2022 година, „Кајмак“ истовремено влезе на репертоарот во скопските кина и во над 20 други градови, меѓу кои Охрид, Прилеп, Штип, Куманово, Тетово, Струмица, Кавадарци, Гостивар, Кичево, Кочани, Виница, Крушево, Свети Николе.
Најновиот филм на Милчо, имаше светска премиера на филмскиот фестивал во Токио каде освои главна награда. А потоа имаше успешно прикажување во Каиро.