Млади битолски средношколци во трката за Милионер.мк

Амбициозни, креативни и полни со иновативни идеи, ученици од гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола уште еднаш покажаа дека младите генерации имаат огромен потенцијал во светот на технологијата и претприемништвото. Со својата посветеност, ентузијазам и желба за создавање нешто ново и корисно, овие млади таленти развија идеја за апликација која има за цел да го направи планирањето на патувањата поедноставно, побрзо и подостапно. Нивната иницијатива е вистински пример за тоа како младешката креативност, знаењето и современите технологии можат да се спојат во проект со потенцијал за вистински успех.

„Нашата апликација е AI-планер и дигитален туристички водич што креира персонализирани планови за патување според желбите, буџетот и интересите на корисникот. На едно место ги поврзува планирањето на патувањето, пребарувањето летови и понудите од туристички агенции. Целта е секој да може полесно, побрзо и поисплатливо да го организира своето патување. Област: туризам, технологија и вештачка интелигенција.“, велат основачите на iterly.

„Оваа идеја се појави кога почнавме сè почесто да се соочуваме со проблеми во патувањето, како на пример неточни податоци или неодамна променети информации, губење на време во пребарување на совршената понуда и секогаш со чувство дека нешто сме пропуштиле. Затоа одлучивме да направиме апликација која ги комплетира сите наши барања во една понуда, без притоа да ни одземе трпение.“ – Мила Кадинска, една од средношколките-учеснички во овој проект.

Поддржете ја нивната идеја со вашиот глас.