Во Театар Комедија започнаа пробите за „Цуци“

Во Театар Комедија денеска започнаа пробите за новата претстава со наслов „Цуци“. Ја режира Александра Кардалевска по текст на Онур Озџан.

Играат: Жаклина Стевковска, Ева Скендеровска, Елена Кузмановска, Ана Грамосли, Сергеј Димовски, Ненад Ангеловиќ, Виктор Арсов и Јаков Спасов.

Онур Озџан е турски сценарист, глумец и продуцент, кој во последниот период е исклучително активен на театарската сцена во Северна Македонија. Неговиот ангажман во македонските театри опфаќа пишување драмски текстови и креирање на комплетниот визуелен и видеоконцепт за претставите. Меѓу неговите проекти во земјава се психолошката драма „Интервју“ во НУ Турски театар – Скопје како и соработката со Струмичкиот театар за претставата „Четири слики на љубовта“, каде што се потпишува зад впечатливиот дизајн на сцената и видеопродукцијата.

Премиерата и репризата се на 25 и 26 декември.