Театар „Златен Елец“ во рамките на програмата биенале за сценски дизајн под мотото „Животот е таму каде што се здружуваме“ дводневен настан насловен како театарска акција во Киното на железничката зграда во Скопје ќе се одигра претставата „Теорема, леме“ од Пјер Паоло Пазолини во режија и адаптација на Мирко Радоњиќ во петок 6.11 со почеток во 20 часот.
Значајно е дека ова конкретно здружување (настан) се случува токму во Киното на
Настанот е инспириран од акцијата: не: Битеф која се случи во Белград на 20.09 во знак на одбележување на 60то издание на БИТЕФ. Значајно е дека ова конкретно здружување (настан) се случува токму во Киното на железничката зграда, простор создаден во/околу и за заедницата на станари, некогаш, кога културата била дел од животот, во време кога работниците на Југословенските железезници можеле после работа да одат слободно, и бесплатно во својата зграда/дом, да гледаат филм, а притоа да не бидат грофови или кралеви, туку само „обични” работници. Овој простор низ изминативе деценија и пол, станува едно од важните места за продукција, истражување и промислување на различни практики важни за независната културна (изведбена) сцена во Република Северна Македонија. Во линија со природата на самиот не:БИТЕФ, овој простор е екстензија на 60-те микросцени во Белград кој сега се преместува/патува надвор од границите, на градот, на државата, сцена која патува во Скопје и симболично го брани тој простор на уметничка слобода. Киното во железничката зграда е 61-та микро сцена од не:БИТЕФ! Кино просторот е домаќин на оваа пракса на отпор и само организирање, лоцирајќи ги проблемите и актуелните теми од не:БИТЕФ во локален контекст, ангажирајќи млади, студенти, уметници, културни работници и активни чинители во независната културна сцена во продукцијата и јавното промовирање на оваа [културна] пракса. Првенствено, сакаме да се собереме, за да си дадеме поддршка едни на други и да потврдиме дека заедницата постои токму во спремноста да делуваме заедно. – велат организаторите на настанот – Радивоје Динуловиќ, Јелена Кнежевиќ и Филип Јовановски. Театар „Златен Елец“ е партнер на настанот, на кој ќе има разговори за претставата следниот ден во сабота 7.11.
Ова е прва изведба на „Теорема, леме“ после наградата на фестивалот ФИАТ во Подгорица – награда за најдобар актер за Бранко Михајлоски.
Театар „Златен Елец“ во четврток ќе настапи и на меѓународниот театарски фестивал „Без Рамка“ во Демир Капија со претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска која по две години се враќа на репертоарот. „Грета“ ќе може да ја погледне и публиката во Скопје во понеделник 9.11 во Јавна Соба во Скопје од 20 часот.
До крајот на овој месец ќе се одигра и претставата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија на Тамара Стојаноска во Прилеп и во Скопје. Планирани се изведби и на „Сина сенка“ и „Добри луѓе“ следниот месец. – велат од Театар „Златен Елец“ Скопје.