Претставата „Mrki– nisam ti ispričao“ во Скопје

На 25 ноември во Македонската опера и балет гостува претставата „Mrki– nisam ti ispričao“, авторски проект на српскиот актерот Марко Јанкетиќ.

Претставата која произлезе од потребата да се продолжи еден недовршен разговор. Во срцето на оваа интимна, длабоко лична изведба не стои лик, туку човечко суштество. За првпат, Марко Јанкетиќ ѝ се обраќа на публиката под свое име, преиспитувајќи го односот со својот татко – легендарниот актер Миша Јанкетиќ. Ова не е ниту омаж ниту биографски преглед туку, тоа е лично сведоштво на еден син кој се обидува да ги изрази работите што не успеал да ги каже навреме или не знаел како да ги искаже. Тоа е исповед што истражува теми како што се растењето под силниот авторитет на таткото, актерската професија и тежината на познатото презиме, искуството на родителството, животните кризи, пороците, дилемите и напорот работите да се променат на подобро. Ова е приказна за неизречените зборови и за љубовта која, и покрај сè, останува присутна.

Делото се осврнува на она што се случило по смртта на татко му, опфаќајќи теми како созревањето, родителството, сомнежите, триумфите, актерството и животот во Белград. Тука нема улоги за играње, нема емоционална дистанца, ниту криење. Изведбата го истражува односот татко-син на начин што ретко се гледа во овој регион: преку сурова, машка ранливост – лишена од иронија или заштитни слоеви, но сепак не и без хумор. Сепак, овде хуморот не служи како штит, туку како автентичен елемент на проживеаното искуство и сеќавањето.

Режијата е на популарната српска актерка Анѓелка Стевиќ – Жугиќ, во соработка со Никола Завишиќ.