Од „Smoke on the water“ до македонската химна – „Дип Парпл“ испишаа уште една страница од рок-историјата во Скопје

На 11 октомври 2026 година, легендарните „Дип парпл“ ја исполнија „Телеком арена“ со звуците на вистинскиот рок, во рамките на својата проштална турнеја.

Преполната сала, во која рамо до рамо уживаа најмладите и највозрасните генерации, беше доказ дека нивната музика не познава време и возраст. Безвременските хитови, непосредната комуникација со публиката и изведбата на македонската химна на клавијатура создадоа атмосфера што долго ќе се памети.

Зад овој музички спектакл стои Avalon International Booking , организатор кој со децении поставува високи стандарди и останува единствен во нашата држава по организацијата на концерти од ваков светски карактер и значење.

Рок-музиката не старее, а Скопје уште еднаш го докажа тоа!

Скопје – 11.10.2026 г.