Забранета песна со Баре, Дворник, Боговиќ и Гобац по 27 години официјално објавена (Видео)

Замислете песна во која ги слушаме здружените гласови на Горан Баре, Дино Дворник, Давор Гобац, Миле Кекин, Даворин Боговиќ, Дубравко Иваниш Рипер, Ален Марин, Иванка Мазуркијевиќ и членови на бендовите „Лет 3“, „Дивас“ и ТБФ… Сето ова се случило во 1999 година, време кога регионалната рок-сцена сè уште имала значителна моќ и општествено влијание.
⠀
Токму таква песна постоела цели 27 години, но никогаш не била официјално објавена. Сè досега.
⠀
„Novo vrijeme“ е снимена во 1999 година под името Racija. иницијатори на проектот биле Албино Уршиќ и Борис Кук, попознати како дизајнерското дуо Božesačuvaj. Нивната идеја била да ги обединат најистакнатите музичари од хрватската алтернативна сцена за да снимат песна која – во пресрет на изборите – би испратила порака за потребата од општествени и политички промени.

Како основа ја избрале песната „Novo vrijeme“ на легендарниот словенечки бенд „Buldožer“, прилагодувајќи ја новата верзија на тогашната политичка клима. Тоа не било само музичка соработка, туку и форма на колективен протест на уметници кои замислувале поинаква иднина.
⠀
Иако бил снимен и спот за песната, ниту една телевизија не сакала да го емитува. Не постоела официјална забрана, но проектот всушност бил исклучен од тогашниот простор на електронските медиуми. А бидејќи YouTube сè уште не постоел, „Novo vrijeme“ никогаш немала можност да допре до пошироката публика. ⠀

Речиси три децении подоцна, песната конечно е објавена на винилната компилација Božesačuvaj nas devedesetih – Glazbena slikovnica издадена од „Real Grupa“ и „Dancing Bear“.

Списокот на учесници денес звучи речиси неверојатно. Покрај Баре, Дворник, Гобац, Кекин и Рипер, на снимката учествуваа Јаја од бендот Jinx, Зоран Продановиќ Прља и Дамир Мартиновиќ Мрле од Лет 3, Хрвоје Рупчиќ, Ален Марин, Крешимир Кончевски, Сандро Бастијанчиќ и многу други музичари. Меѓу учесниците беше дури и познатиот метеоролог Зоран Вакула.
⠀
Инструменталната постава ја сочинуваа гитаристите Владимир Симчиќ Вава и Игор Ратковиќ, басистот Љубо Силиќ, тапанарот Ален Тибљаш, клавијатуристот Берислав Блажевиќ Беро и перкусионистот Хрвоје Рупчиќ. Аранжманот го креираше Владимир Симчиќ.
⠀
Објавувањето на песната се совпаѓа со претставувањето на монографијата Božesačuvaj nas devedesetih – Kronika vremena kroz vizuale Albina Uršića i Borisa Kuka.

Придружната винилна компилација содржи 13 песни од уметници со кои дуото соработувало. Меѓу нив се „Психомодо поп“, „Мајке“, „Којоти“, „Урбан и 4“, Баре и „Плаќеници“, „Лауфер“, „Хладно пиво“, Дарко Рундек, „Задруга“ и други. ⠀

Покрај песната „Ново време“, особено се истакнува и песната „Чудна шума“ создадена на иницијатива на дуото, во него учествуваа Малехукерс и неформалниот музички колектив „Клинци Јабуковца“ — група во која беа Баре, Гобац, Кекин, Рипер и Боговиќ.
⠀
Винилната компилација беше објавена на 9 октомври, а „Ново време“ – дваесет и седум години по нејзиното создавање – сега доби и официјално музичко видео на YouTube.

Така, песната што не успеа да стигне до телевизиските екрани уште во 1999 година, конечно ја најде својата публика. Впечатливо е колку познато сè уште звучи нејзината суштинска порака, речиси три децении подоцна.