Борис Режак и Марко Милошевиќ во Битола

На барање на битолчани, покрај главниот град Скопје, поезија и песни за животот и во Битола. На 15 октомври 2026 година во НУ Центар за култура – Битола.

Една вечер исполнета со стихови, музика и емоции што се чувствуваат длабоко.

На сцената во НУ Центар за култура – Битола ќе се сретнат: Марко Милошевиќ– поет и Борис Режак – музичар.

Заедно ќе приредат уметничко патување низ љубовта, копнежот, радоста и сите оние чувства што го прават животот убав.

Дозволете си вечер во која поезијата ќе зборува, музиката ќе допира, а срцето ќе се потсети колку е убаво да се сака, да се живее и да се верува.