Гостиварски театар подготвува претстава по современ македонски драмски текст на Горјан Милошевски

По кратка пауза, Гостиварскиот театар подготвува уште една нова претстава.

„Хауситери“ е нов современ македонски драмски текст на Горјан Милошевски, кој низ хумор, напнатост и неочекувани ситуации зборува за луѓето што влегуваат во туѓите домови, но и во туѓите животи, за довербата, приватноста и границите што лесно можат да бидат преминати.

Претставата е во режија на Игор Ивковиќ, а играат: Ирена Илиевска, Дарко Вељиќ (к.г.) и Ариан Ејупи.

Сценографијата и костимографијата се на Ирена Боневска-Чаловска.

Пробите се во полн ек, а премиерата е наскоро.