Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не песна со видео запис, туку парче уметност.
Моника Црнокрак e „шанкерката” во која се вљубува главниот лик – Дарко Гроздановски. И секако…легендарниот Игор Џамбазов – татко на шанкерката, газдата на локалот, каде како главен заплет се појавува конфликтот помеѓу Игор и Дарко.
Дарко Гроздановски по три години без авторска песна, повторно се појавува во етерот. Овој пат во ново руво создадено од „материјали” врз кои се темели македонската музичка уметност. Дали вредеше чекањето, проценете сами драги гледачи и слушатели и уживајте во „Понеделнички” денес и секој ден од неделата, секоја недела.
„Сакам сите денови да се понеделници”, напиша Џамбазов a испеа Гроздановски.