Мјузикл со над 100 изведувачи и уметници за 35 години од независноста

На денешната прес-конференција, одржана во Македонската опера и балет (МОБ), на која присуствуваа Бобан Милошески (Авалон), режисерот Дејан Пројковски, продуцентот Пеце Талески од „ОХО продукција“, Игор Џамбазов и портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, беше најавен новиот проект по повод одбележувањето на 35 години независност на Република Македонија – мјузиклот „35 години независност“.

Мјузиклот ќе се одржи во повеќе големи македонски градови и ќе обедини над 100 македонски изведувачи и уметници, претставувајќи уникатен музичко – сценски спектакл посветен на трите и пол децении независност на државата.

На денешната прес-конференција присуствуваа само дел од артистите и изведувачите кои ќе бидат дел од овој голем проект, а дополнителни информации за учесниците и програмата ќе бидат соопштени во наредниот период.