НУ Центар за култура – Битола и Здружението за култура и уметност Движечки Музички Театар – Битола денеска ја најавија премиерната изведба на театарскиот проект „МЕДЕЈА МК“.
„Особено ми е драго што ја имаме Медеја.мк на нашата сцена. Со ова ја продолжуваме една значајна продукциска линија која ја имал Центар за култура – Битола. Истражувајќи во архивите, имало неколку продукции на монодрама во 2007 и 2010 а во 2015 година исто така и монооперата на Марјан Неќак, „Дневникот на лудиот“. – кажа директорот на Центар за култура – Битола, Сашо Илковски.
Претставата „ е создадена според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер (Heiner Müller), поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Нечак. Проектот претставува современо сценско читање на митот за Медеја, низ спој на театар, музика, поезија и аудио-визуелни елементи.
Медеја ја игра првенката на Народен театар – Битола, Валентина Грамосли, која како што вели режисерот е сега во најзрелите и најкреативни години.
„Медеја е една жена која низ историја и низ се што се повторува дава одговор на некои прашања но и не прашува нешто што и самите не сакаме да се прашаме. А поезијата на Ана Бунтевска даде една нова муза и ново видување на таа тема. Оваа претстава секаде кореспондира со денешноста и ние не се бавевме со некој мит па секаде ќе биде разбрана.“
Грамосли во 1997 година ја играше „Медеја“ во постановката по Еврипид и режија на Владимир Милчин, а во 2012 и Хоровотката во постановката по Хајнер Милер а режија на Нада Кокотивиќ.
„Темата е безвременска а јас како жена имам многу да кажам во претставата. Почуствував дека е моментот после 35 години на сцената на Битолски театар да се обидам да влезам во водите на монодрамата. За мене беше навистина предизвик и желба која се јави точно на време. Со Марјан со еден разговор се согласивме дека можеме тоа да го направиме сега. Една моја желба се оставарува. – вели Грамосли.
Сценографијата и видеопроекциите се на Сергеј Светозарев кој истакна:
„Како што ја гледам претставата секој ден, ми станува се поубава и поубава. Што ретко се случува во мојата работа.“ – потенцираше тој.
Премиерата е закажана за 21 јуни а изведбa е закажани и за 22 јуни. За потоа да се игра на редовниот репертоар на установата.