Одборот на Фондот „Мирослав Крлежа“, по разгледувањето на пристигнатите апликации, одлучи да ги додели стипендиите за оваа година од Фондот „Мирослав Крлежа“ на проф. д-р сц. Твртко Вуковиќ од Загреб и д-р сц. Сашo Огненовски од Битол.
Хрватскиот литературен историчар Твртко Вуковиќ, како резултат на своето истражување и студија, ќе напише монографија за аспектите на психоанализата во делата на Крлежа, додека македонскиот критичар, писател и преведувач Сашо Огненовски ќе го преведе продолжението на „Zastavе“ на македонски јазик, откако веќе го превел и објавил првиот дел од тој роман. Преводот ќе биде придружен со студија за врските меѓу хрватската и македосната литература, користејќи ја улогата на Крлежа и неговите дела во оваа динамична врска како пример.
Стипендиите на Фондот „Мирослав Крлежа“ се доделуваат на секои две години на еден хрватски и еден странски проучувач на делата на Крлежа, со цел понатамошна стручна обработка и популаризација на делата на големиот хрватски писател во Хрватска и во странство, согласно утврдениот Статут за работата на Управниот одбор на Фондот и Правилникот за наградата и стипендијата.