Пол Мекартни со новиот албум се враќа долго пред светот да ги запознае Битлси (Видео)

Музичката икона Пол Мекартни го издаде својот нов албум, „The Boys of Dungeon Lane“, преку Capitol Records (Universal Music Group), на задоволство на неговите обожаватели. На објавувањето му претходеа сингловите „Days We Left Behind“ и „Home to Us“, дует со Ринго Стар.

Од моментот кога беше најавен, „The Boys of Dungeon Lane“ предизвика голем интерес кај обожавателите и медиумите ширум светот, а возбудата го достигна својот врв на 5 мај, кога Пол Мекартни изненади 50 среќни обожаватели со ексклузивно прво слушање на албумот. Во таа прилика, тој им се придружи во Студио 2 на познатата улица „Abbey Road“ и ги сподели приказните зад новите песни. Воодушевените обожаватели го опишаа искуството како сон што стана реалност, а сега светот конечно го поздрави долгоочекуваното издание.

„Момците од Данџен Лејн“ не е само првиот нов соло албум на Пол Мекартни по повеќе од пет години. Тоа е интимна колекција од претходно нераскажани приказни, лични спомени и нови љубовни песни од еден од најважните писатели во модерната популарна култура.

Свртувајќи го погледот кон сопственото минато, Мекартни се осврнува на годините што го обликувале неговиот живот и темелите на современата поп-култура. Многу критичари го сметаат ова за негово најлично и интроспективно издание досега – колекција од приказни што го враќаат слушателот на самиот почеток.

Новите песни го прикажуваат Мекартни на искрен, ранлив и промислен начин, додека пишува за своето детство во повоениот Ливерпул, упорноста на неговите родители и неговите рани музички чекори со Џорџ Харисон и Џон Ленон, долго пред светот да ги запознае Битлси и Битлманијата.

„Момците од Данџен Лејн“ е приказната пред таа приказна.

Што велат критичарите?

„Момците од Данџен Лејн се радосен потсетник од доцните фази од кариерата на Мекартни за неговиот траен мелодиски гениј“. — Дејли Телеграф ★★★★★

„Мекартни се врати во својата најдобра форма.“ — The i Paper ★★★★

„Неговиот дар за мелодија воопшто не избледел.“ — BBC

„Најдобриот албум на Мекартни во 21 век.“ — Variety

„Албум за минливоста на животот кој сепак ве остава со чувство на оптимизам; накратко, чиста Мака.“ — The Times ★★★★

„Неговиот дар за мелодија продолжува да воодушевува.“ — The Guardian ★★★★

„На овој албум, Мака ги испорачува некои од неговите најлични и интроспективни песни во последните години.“ — The Independent ★★★★

„Ремек-дело од крајот на кариерата.“ — Rolling Stone ★★★★