Џејмс Бонд прозборе црногорски (Видео)

Новата игра за Џејмс Бонд „007 First Light“, развиена од IO Interactive, од 27 мај e достапна за сите љубители на видео игрите.

Речиси 14 минути од играта се веќе неколку дена достапни на YouTube каналот на гореспоменатото студио.

Интересен момент за Црна Гора и Бонд се наоѓа кон крајот на клипот. Имено, можеме да го видиме Бонд како „скока“ во собата низ прозорецот. Зад него се појавува маскиран војник и го прашува главниот лик каде бил досега.

„Опушти се, ќе бидам таму за секунда“, одговара Бонд, како што се испостави – на црногорски.

Имено, на Бонд му поставува прашање жена преку радио, на англиски. „Дали зборуваш српски?“ Бонд конечно одговара на англиски: „Црногорски, научив неколку фрази додека планинарев таму“.

Клипот привлече внимание и стана вирален на социјалните мрежи. Споменатиот дел е достапен на снимката (точно од 13-тата минута).