По низата распродадени концерти низ регионот, како и трите полни Белградски арени, легендарната фолк музичка дива Весна Змијанац ја продолжува својата голема турнеја „И да имам сто живота“ и оваа есен пристигнува пред македонската публика.
Змијанац важи за една од најголемите музички ѕвезди од 1980-тите и 1990-тите. Најголемите хитови во нејзината кариера се: „Nevera moja“, „Ne kunite crne oči“, „Kunem ti se životom“, „Kad zamirišu jorgovani“, „Kazni me, kazni“, „Idem preko zemlje Srbije“ а се појавила и во неколку серии и филмови, како што се „Сок од шљива“, „Камионџије 2“ и „Камионџије опет возе“.
Во организација на Hype продукцијата на 28 ноември, арената „Јане Сандански“ ќе биде местото каде љубителите на фолк музиката ќе уживаат во вечер исполнета со носталгија и безвременски хитови кои со години се пеат.
Публиката во Скопје ќе има можност во живо да ги слушне најголемите хитови на Весна Змијанац, меѓу кои песни кои оставија силен белег на музичката сцена и станаа дел од многу генерации.