„Електрични оргазам“ и актерката Аница Добра снимија дует (Видео)

„Електрични оргазам“ го претстави новиот сингл и спот „Gde je Barbara sad“, кој е дел од новото издание „U magli sjaj“.

Песната е создадена во соработка со познатата актерка Аница Добра, со која бендот соработуваше во 1992 година на култниот филм „Црни бомбардер“.

„Аница е наша стара пријателка и неколку пати беше гостин на нашите концерти. Цело време разговаравме за снимање нов дует. А сега, сите парчиња се споија, на новиот албум. Нашиот втор сингл од албумот, „Gde je Barbara sad“, е всушност песна што е создадена од инструменталот на темата на Барбара од филмот „Kako je propao rokenrol“. Аника ја игра Барбара во тој филм, така што целиот тој круг беше затворен. И беше природно да ја поканам да ја испее таа песна. Значи, таа песна е и еден вид почит кон филмот „Kako je propao rokenrol“. А во самото видео, има дел, на крајот, што е реплика на сцена од самиот филм.“ – вели Гиле.

Синглот ја носи препознатливата енергија на „Електрични оргазам“, суров гаражен рок звук, силна атмосфера и авторска непосредност што го направи бендот еден од најважните регионални рок бендови со децении.

Синглот доаѓа по објавувањето на новиот студиски албум „U magli sjaj“, првиот по осумгодишна пауза од снимање. Новото издание носи 14 нови песни, а звукот е базиран на култните албуми „Distorzija“ и „A um boom“.