Београдско драмско позориште ќе го затвори МТФ „Војдан Чернодрински“

Јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе биде отворено на 5 јуни со претставата „Мачкина глава“ на Драмскиот театар, која е селектирана во официјалната програма.

Фестивалот ќе биде затворен со гостување на Београдско народно позориште на 12 јуни, кое ќе ја изведе последната праизведба на „Црно злато“ во режија на Оливер Фрлјиќ, по текст на Дејан Дуковски, Авторот во фокус на фестивалот годинава.

„Во „Црно злато“, драмскиот фокус на Дуковски е на семејство погодено од повеќекратни транзиции – социјални, политички, етички, но и родови. Ветената транзиција од еден политички систем во друг никогаш не беше завршена. Доминантните вредности се најдоа во вакуумот помеѓу она што беше и она што требаше да дојде. Наместо тоа ветено утре, непознатата Анџела – успешна бизнисменка која сега живее во Шпанија, влегува во оваа драма. И додека влегува во заплетканата мрежа на семејни односи оптоварени со заминувањето на нејзиниот син Анџело, таа постепено открива дека всушност е „изгубениот син“.

Играат: Милутин Милошевиќ, Наташа Марковиќ, Ања Ќурчиќ, Јана Милосављевиќ, Милан Зариќ, Амар Ќоровиќ, Бојана Стојковиќ, Љубомир Булајиќ и Ана Јанковиќ.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Клинче, Миленковски, Чадиковски и Ќерими наградени за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

Наградата за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе го носи името на Кирил Ристоски

Дејан Дуковски: „Драмата е жанр на криза и конфликт, а Балканот секогаш е такво место“