Вински фестивал викендов за првпат во Битола

Битола добива уште една фестивалска манифестација во низата кои ги има во градот. Од 7 до 9 мај на платото на Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи првото издание на Винскиот фестивал.

„Очекувам прекрасни фестивалски денови и оваа манифестација да стане традиција. Битола уште еднаш се етаблираше на мапата на културата како град кој е отворен за сите посетители кои ги очекуваме во голем број со една новина за нашиот град.“ – потенцираше градоначалникот Коњановски.

Фестивалската програма започнува на 7 мај со локален резидентен диџеј, по што следува отворањето и настапите на „B52“, „Пауза за ракија“ и диџејот Александар Јорданов. Вториот ден на манифестација во петок (8 мај) ќе настап „Lockdown“, оркестарот DIVA и диџеј Гоце САФ. Последниот фестивалски ден настапуваат „Љубојна“ и „Паркети“.

„Ќе имаме 14-15 винарии помеѓу кои и семејни винарии со нивните околу 110 различни етикети на вина. Ова е додадена вредност за култура во Битола и Македонија воопшто. Сакаме да донесеме позитивна енергија во Битола со многу добри вина. – рече организаторот Пане Темов.

Фестивалот се затвора со битолчаните „Паркети“ а во името на бендот се обрати Зоки Паркет.

„Не може да биде лошо. Храна, рокенрол, музика и вино, е нешто што на никој не може да му здосади.“