„Џеки“ на Драмски и монодрами од Грузија и Ерменија за последниот натпреварувачки ден на Фестивалот на монодрама

На последниот натпреварувачки ден на 27. издание на Интернационалниот фестивал од монодрама се одиграа три претстави.

На големата сцена беше монодрама „Кваркваре“ од Грузија во режија на Саба Асламазишвили а играна од Јано Изорија.

На Нова сцена, се играше монодрама „Цвеќе за Алегернон“ од Ерменија, во изведба на актерот Арман Матевосјан а во режија на Инга Шахбазјан.

На Бар-сцена се одигра „Џеки“ во продукција на Драмски театар – Скопје во изведба на Трајанка Илиева – Вељиќ а режија на Жива Бизовичар.

Претходно во текот на денот своја работилница одржа актерката од Ерменија, Наира Једигајран под наслов „Текот на умот и душата“ во просториите на КИЦ Битола.

Денеска (29.04) фестивалот се затвора со церемонија на доделување на наградите и претставата „Гидионовиот јазол“ во продукција на Драмски театар – Скопје а во режија на Драгана Милошевска – Попов.