Моќна и визуелно впечатлива сценска адаптација на едно од најголемите дела на светската литература од Густаф Флобер, поставува Дејан Пројковски во Народен театар – Битола.
Една жена. Еден живот исполнет со соништа. И една опасна желба за нешто повеќе. Во светот на илузиите, страста и разочарувањето, Ема Бовари очајно се обидува да избега од здодевното секојдневие и од животот кој никогаш не бил доволен за нејзините соништа. Но секој обид за бегство има своја цена.
Асистент на режија е Андреј Цветановски, Драматург е Сашо Димовски, кореограф е Олга Панго, композитор е Горан Трајковски а костимите се на Андреј Ѓоргиевски.
Улогите се: ЕМА, провинцијалка – Маја Андоновска Илијевски, ШАРЛ, нејзин маж – Иван Јерчиќ, РОДОЛФ, провинциски плејбој, нејзин љубовник – Огнен Дранговски, ЛЕОН, провинциски стажант, нејзин љубовник – Никола Стефанов, ЛЕРЕ, успешен локален трговец со регионално реноме – Мартин Мирчевски, СЛУГИНКА, кај ЕМА и ШАРЛ – Сандра Грибовска Илиевска, СВЕШТЕНИК – Борче Ѓаковски и СЛУГАТА – Петар Мирчевски.
Премиерата е закажана за 23 мај а влезниците се веќе во продажба онлајн на веб страната на театарот.