Театарот „Иван Вазов“ од Софија и театарот „Кхата“ од Полска на Фестивалот на монодрама

Синоќа на 27. издание на Интернационалниот фестивал од монодрама се одиграа две претстави.

На големата сцена на НУ Центар за култура – Битола се одигра монодрама од Театарот „Иван Вазов“ од Софија под насловот „Во темнината“ со актерката Албена Ставрева, која е и режисер на монодрамата.

На Нова сцена, се играше полската монодрама „Глупости“ во изведба на Костјантин Новиков а во режија на Анастасија Павленко.

Денеска (27.04) на програмата се монодрама „Луксуз. Изгубена во страст“ од Италија на Нова сцена од 20.00 часот и „Внатре“ од Ерменија на Бар-сцена во 21.30 часот. Претставата од 18.30 часот е откажана поради спреченост на екипата од Саудиска Арабија да допатува на фестивалот.