На третиот фестивалски ден од 27. издание на Интернационалниот фестивал од монодрама се одиграа три претстави.
На големата сцена на НУ Центар за култура – Битола се одигра претставата „#Ноти“ на Театарот „Тони Буландра“ од Романија, во режија на Касандра Тополгеану.
На Нова сцена, се играше македонската монодрама „Кротка“ во изведба на Сашко Орешков а во режија на Микица Илова од Театарот „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци.
На новата Бар-сцена, се играше Човечкиот глас“ од Чешка во изведба на актерката Валерија Емиљанова а во режија на Андреј Романов.
Во КИЦ Битола, вчера своја специјална работилница за пантомима имаше членот на жирито Кире Ѓоревски. Тој преку движење, експресија и креативни вежби на учесниците ги запозна со уметноста на раскажување приказни.
Денеска (26.04) на програмата се монодрама од Театарот „Иван Вазов“ од Софија во 18.30 часот на Голема сцена, полската монодрама „Глупости“ на Нова сцена од 20.00 часот.