Амбасадата на Грција со задоволство најавува два претстојни настапи во живо на грчкиот пејач Јоанис Лакис, кои ќе се одржат во Струмица во петок, 24 април 2026 година во 20:00 часот, во Градската галерија и во сабота, 25 април 2026 година, во 20:00 часот, во поткровјето на Public Room во Скопје.
Познат по својот експресивен глас и препознатлив уметнички стил, Јоанис Лакис ќе настапи во придружба на Манолис Басис (бузуки) и Панос Космидис (пијано), изведувајќи внимателно одбран репертоар од традиционална грчка музикa.
Преку овие концерти, Амбасадата на Грција има за цел дополнително да ја промовира културната размена и да ги зајакне врските на пријателството меѓу Грција и Северна Македонија, истакнувајќи го универзалниот јазик на музиката како мост меѓу народите.
Влезот е бесплатен, но потребна е претходна регистрација (RSVP):
https://forms.gle/8N5w1T3j51eSm5yq7 (Струмица)
https://forms.gle/E429ZKNnQeDaMii69 (Скопје).