Нова песна е објавена од легендарниот трезор на Принс преку неговата издавачка куќа, NPG Records, во соработка со Legacy Recordings.
Се работи за „With This Tear“, снимена во ноември 1991 година на неговиот познат имот во Пејсли Парк. Новиот микс и мастеринг ги направи Крис Џејмс, неговиот поранешен инженер на звук кој работеше на албумите „HITnRUN Phase Two“, „Art Official Age“ и „Plectrumelectrum“.
Покрај продуцирањето, аранжирањето и компонирањето, Принс свиреше на сите инструменти на песната. Кратко откако беше напишана, ѝ беше понудена на Селин Дион, а нејзината изведба беше објавена во 1992 година.
„With This Tear“ е првата во серијата претходно необјавени песни на Принс кои ќе бидат објавени оваа година како дел од неговиот необјавен албумски проект.