Откриени претходно непознати стихови од Лорка

Претходно непознати стихови што му се припишуваат на познатиот шпански поет и драматург Федерико Гарсија Лорка се откриени 93 години откако ги напишал на задната страна од еден од неговите ракописи.

Се смета дека Лорка ја напишал неодамна откриената песна од осум стихови во 1933 година додека работел на збирка посветена на арапските поети од неговата родна Гранада, објавува лондонски „Гардијан“.

„Моето внимание го привлече Пепа Мерло кога ми рече: „Тоа е ракописот на Федерико. Имаш нешто ново од Федерико таму“. – вели Мигуел Поведа кој случајно наишол на ова во германска антикварница.

Мерло рече дека иако стихот можеби бил занемарен затоа што бил напишан на задната страна од друго дело, сепак ја открива „важноста што концептот на времето ја имал за Лорка“.

Кратката песна, напишана само три години пред Лорка да биде убиен во раните денови на Шпанската граѓанска војна, ја открива добро познатата преокупација на поетот со минливоста.

„Часовникот пее. Ги бројам часовите механички. Седум часот; дванаесет часот. Се е исто. Мене ме нема. Тоа е белегот на телото. Што го оставив зад себе кога заминав. За да го знам своето место. По моето враќање.“

Новооткриената песна ќе биде објавена во книга напишана од Поведа и Мерло насловена како „Las cosas del otro lado. lo inédito en Federico García Lorca“ (Работи од другата страна: необјавеното кај Федерико Гарсија Лорка).

Лорка бил застрелан од десничарски одред на смртта во август 1936 година; неговите останки никогаш не се пронајдени, но се смета дека бил погребан во необележан гроб во планинска област во близина на Гранада. Гарсија Лорка стана една од најпознатите жртви на тригодишната граѓанска војна во Шпанија, а интересот за неговото дело расте како што се приближува стогодишнината од неговата смрт.