„1004“ – нова песна на Џејла со спот снимен на Малта

Босанско-херцеговската пејачка Џејла Рамовиќ објави нова песна насловена „1004“ во петок, 10 април.

„1004“ е песна за моментот кога престануваш да се враќаш на истото место. За моментот кога знаеш дека нема што повеќе да се поправи и за прв пат навистина го прифаќаш тоа“, напиша Рамовиќ покрај видеото за песната на нејзините официјални профили на социјалните мрежи.

Музиката ја напиша Мира Мијатовиќ, а текстот Сашко Николиќ, кој е задолжен и за аранжманот, додека видеото го режираше Миомир Милиќ.

„Голема благодарност им должам на Мира Мијатовиќ и Сашко Николиќ за прекрасниот креативен процес додека работевме на оваа песна. Беше навистина посебно искуство да соработувам со вас за прв пат на овој начин. Голема благодарност до мојот Момир Милиќ, кој потпишува уште едно видео во мојата кариера. Ви благодарам што секогаш сте подготвени за нови патувања и предизвици кои секогаш раѓаат нешто посебно“, напиша понатаму младата пејачка.

Таа им се заблагодари на публиката што ја слуша и ја поддржува со години.

„Се надевам дека и оваа песна ќе го најде патот до вашите срца и искрено очекувам да чујам како ви се допаѓа.“ – рече Рамовиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=_aYRgEOEKho