Јаков Јозиновиќ: „Малиот Јаков велеше дека еден ден ова сигурно ќе му успее“

Петнаестина минути по незаборавниот прв концерт во Скопје, Култура24 разговараше со Јаков Јозиновиќ за впечатоците од вечерта, подготовките за претстојниот концерт во Охрид, како и за новиот албум што е во најава. За возбудливите дуети кои следуваат и што може да очекува публиката во периодот што доаѓа прочитајте во интервјуто кое следува.

Најпрво да ја решиме дилемата. Дали Јаков има навистина потекло од Охрид?

„Не е вистина, се шегував тоа е само мојот хумор, но кога публиката вака ќе ме прифати и прими во својот град и држава јас се осеќам така.“

Вечерва повторно се расплака на сцената. Што почуствува?

Да ова е втор пат вака да се расплачам. Вагата во хороскоп си го направи своето. Ова трае веќе 6-7 месеци и е навистина неверојатно. Ова е нешто за кое целиот живот сонував, ова е нешто за што малиот Јаков на 10 години велеше дека еден ден сигурно ќе му успее. Ова е толку големо што јас со своите 20 години не сум ни свесен. Па кога ќе ми се случат моменти како овој вечерва, па дури и кога на момент само ја погледнам публиката цел се рушам и целото тело ми трепери. Незнам како поинаку да регирам. А македонската публика баш „ме закопа во земја“. Јас и на менаџерката повторно и реков, неверојанто е што јас на 20 години дојдов од Винковци и ја наполнав арената „Јане Сандански. Засекогаш ќе бидам благодарен за ова.“

На концертот неколку пати мереше децибели колку македонската публика е гласна. Дали последната бројка беше вистинита?

„Вистински се, јас разговарав со мојот тонец уште пред две-три недели, и му реков кажи ми искрено ако не се точни. Првите три пати не бевте најгласни но четвриот пат го надминавте Белград и имавте 168 децибели. Колку што јас знам 120 децибели е полетување на авион, така што бевте многу блиску.“

Три дена си во Македонија а беше и во Крушево. Како успеваш да се справиш со бројните обожаватели?

„Не успеавам. Еве кога дојдовме во Крушево, јас излегувам од комбето и гледам деца од некое училиште од по десетина години. И им велам на менаџерката и пријателите нема шанси и тие да знаат кој сум. И само што поминав покрај нив тие почнаа да ја пеат мојата песна „Ја волим“. Останав без зборови. И еве во шок сум три дена.“

Што проба од македонските јадења овие три дена?

„Пробав тавче гравче. Кога и мајка ми да направеше грав, никогаш не беше вака добар. Тоа го пробав и баш ми е драго. Секогаш пробувам се а овие денови јадам како крал.“

Дали сè уште имаш потешкотии со македонскиот и колку долго ти требаше да ја научиш „Боже, чувај ја од зло“?

Дури и не. Да имам повеќе време ќе отпеев и повеќе песни на македонски јазик. Си дадов сам задача ја отпеам „Боже брани је зла“. Само денеска ја учев и ми требаше само еден ден. Ми се допаѓа вашиот јазик и како Тоше ги интерпрeтираше овие песни кои и јас ги пеам, на вашиот јазик. Ова е искажување почит кон публиката. За да знаат дека сум нивен и дека ги сакам најмногу на светот.

Во август закажа концерт во Охрид. Дали до тогаш ќе чуеме повеќе твои песни?

„До охридскиот концерт ќе излезе и албумот. А овој месец ќе излезе и песна.“

Дали можеби на албумот ќе чуеме песни од познатите балкански композитори и текстописци кои ги создаваа песните кои ти денес ги пееш?

„Ќе има, но тоа ќе ви го оставам за изненадување. Јас се трудам покрај луѓето со кои сум опкружен како Матија Цвек и Лаура Сучец, на мојот албум да ги соберам луѓето кои работеле на песните кои јас сега ги пеам. И мислам дека тоа е најдобриот потег и правец кој треба да го следам за својот албум. Барем за тие кои се живи.“

На претходните концерти ти гостуваа многу колеги. Дали наскоро ќе има дуети?

„Дуети ќе има, но можеби не на албумот. Но планирам такви дуети со кои ќе го покорам целиот Балкан. Мене во однос на дуетите целта ми е од секоја држава во регионот да имам по еден дует. Македонија сигурно ќе биде помеѓу нив.“

Колку ја знаеш и се пронаоѓаш во актуелна трендовска музика?

Многу слабо, особено сега. Знам се или скоро се. Но многу слабо а особено сега од кога дојде во овој моментум со песните кои јас ги пеам.

Како еден 20-годишник знае толку многу песни создадени долго пред тој воопшто да се роди?

„Тоа дојде по природен пат кога бев мал. Одсекогаш ги слушав Оливер и Дино Мерлин и како растев сфатив дека Чолиќ „пее убива“ и е брутален, Дека Балашевиќ „пее убива“, дека Тоше е ненадминлив и дека никој не е како него. Јас сам почнав да ги слушам тие песни и сфатив дека тоа е музиката што јас ја чувствувам.“

Во Белград распродаде 10 термини во Сава центар. Зошто едноставно не закажа Белградска арена?

А кој вели дека не закажав! Не знаев колку публиката сака јас да направам концерт а белградската публика рече сакаме уште. А јас велам ќе добиете уште.