Јаков го распродаде скопскиот концерт и ја посети Спомен куќата на Тоше

Вирално популарниот Јаков Јозиновиќ утревечер ќе го одржи својот прв солистички концерт во Македонија, кој денеска и официјално е распродаден во цел капацитет.

Тој на ден пред концертот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, беше во Крушево каде ја посети Спомен куќата на Тоше Проески.

Јозиновиќ периодов е вирален со многу снимки од концертите во Сава центар во Белград каде успешно и во рекордно време распродаде 10 термини.

Јаков неодамна закажа и охридски концерт на 3 август во Античкиот театар во Охрид.