Целиот капацитет на стадионот е во продажба за концертот на Здравко Чолиќ во Битола

Незапаметен интерес владее денес во Битола по објавата за закажаниот концерт на Здравко Чолиќ во овој град. За прв пат во продажба е целиот капацитет на стадионот „Петар Милошевски“. Влезниците се по почетна цена од 1.000 денари за партери.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (8 април) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk, во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија како и во: ДИМПО тобако, Пајтон, Јагода и Brothers тобако, по следните цени и категории:

Партер – 1.000 денари
Фан пит – 1.500 денари
Silver трибина – 2.000 денари
Golden трибина – 2.500 денари
ВИП трибина (ограничен број) – 3.000 денари
ВИП партер (ограничен број) – 3.000 денари