„Избраниот“ – Театар Комедија подготвува нова претстава

Театар Комедија започна со процесот на проби за нова претстава „Избраниот“ во режија на Јане Спасиќ a по текст на Ева Камчевска.

Костимографијата е на Ивана Каранфиловска Угуровска а сценографијата на Мери Батакоја.

Улогите ги добија: Жаклина Петровска, Елена Кузманова, Виктор Арсов, Тони Денковски, Сергеј Димоски и Ангела Лефкова

Претстава е финансирана со Годишната програма на Министерството за култура и туризам со делегиран буџет од 1.5 милиони денари.

Претпремиерата е на 27 мај а премиерата на 28 мај.