Најпопуларната регионална поп-ѕвезда, Марија Шерифовиќ, отвора ново и посебно поглавје во својата кариера со објавувањето на својот прв албум со детски песни „Срцике“. Овој албум, кој носи радост, топлина и квалитетна музика за најмладите, беше свечено претставен на Меѓународниот ден на среќата, 20 март.
„Срцике“ носи шест внимателно дизајнирани песни, секоја од нив создадена со една цел – да им овозможат на децата од најрана возраст средба со квалитетна музика. Песните вклучуваат „Беба“, нежна мелодија посветена на првите моменти од животот, „Учимо“, весела и едукативна песна што поттикнува љубопитност, како и „Панда“, шарена и жива песна за танцување и смеење. Тука се и „Бабарога“, имагинативна композиција што ги претвора стравовите во авантура, „Успаванка“, нежна мелодија за мирен и сладок сон, и топла песна за љубовта и семејната блискост, „Срцике“, по која е именуван албумот.
„На иницијатива на мојот брат Даниел, се впуштивме во ова, за мене сосема ново, музичко патување. Во желба да му обезбедам на мојот син Марио, како и на сите други деца, квалитетна и забавна локална музика, работев на „Срцике“ со многу љубов и посветеност во последните неколку месеци. Ова е мој прв проект од ваков вид и за мене посебен чекор во светот на детската музика, која носи сосема нова емоција. Децата се најубавиот украс на светот и тие беа најголемата инспирација за создавањето на овие песни.“ – рече Марија.
Песните се музички и графички адаптирани за најмладите, а зад целиот проект стои силна семејна приказна. Иницијативата за создавањето на албумот ја покрена Даниел Павловиќ, братот на Марија, кој е и автор на музиката и текстот на сите шест песни. Аранжманите се на Душан Алагиќ, додека анимацијата е дело на Ненад Радојчиќ.
Албумот „Срцике“ е достапен од 20 март на музичките платформи, албумот е достапен на сите музички платформи Spotify, Deezer, Apple music, Tidal, Youtube и веќе е на пат да стане дел од најубавите моменти од растењето на новата генерација. Музиката што се раѓа од љубов – семејство, искрена и безусловна, секогаш го наоѓа својот пат до срцата на најмладите.