Откриени специјалните гости на „Мизар“ за концертот во Македонска филхармонија

Авалон продукција ги најави специјалните гости на BEST OF концертот на „Мизар“, закажан на 3 април во Македонска филхармонија!

Како специјални гости на концертот ќе се придружат: македонскиот византиски хор „Хармониси“, како и Тања Тас и Тања Царовска.

Влезниците за концертот се пред распродавање, па ве советуваме да бидете брзи и одовде да се упатите кон avalonbooking.mk или karti.com.mk.

Под мотото „Најдоброто од Македонија”, на концертот ќе бидат изведени теми од целиот богат опус на еден од најкултните бендови, не само во македонската музика, туку и во и за македонската култура; теми од

„Мизар“, „Кобна убавина“, ,,Свјат Dreams”,„Детето и белото море“, ,,Поглед кон цветната градина”, ,,Вечна празнина”…