На 14 март 2026 година (сабота) со почеток во 20:00 часот, во Театар Штип ќе гостува НУЦК „Антон Панов“ – Народен театар Струмица со монодрамата „Кротка“, според новелата на Фјодор Михајлович Достоевски.
Станува збор за силна психолошка монодрама која ја следи драмата на човек што се обидува да ја разбере трагедијата на сопствената сопруга, која извршила самоубиство. Преку интензивен актерски монолог, претставата навлегува во најдлабоките слоеви на човечката душа, отворајќи прашања за вината, совеста и одговорноста.
Актер е Стојан Велков – Трн а режијата и драматизацијата се на Дејан Ангелов.